Најмалку еден загинат и 45 повредени во сообраќајна несреќа на автобус во округот Бурса во Северозападна Турција, соопшти електронското издание не турскиот весник „Милиет“.
Четириесет од повредените се деца.
Возачот на автобусот изгубил контрола по што излетал од патот и се превртел. Повредените во несреќата се пренесени во локалните болници.
Учениците во автобусот патувале на екскурзија во градот Чанаккале.