Единаесет украински војници исчезнале во акција откако биле нападнати од заседа во источна Украина каде се уште трае судир меѓу украинските и проруските сили, изјави портпарол на украинската армија.
– Припадници на батаљонот за специјални операции се движеле кон контролен пункт близу селото Смиле во регионот Луганск, но влегле во заседа. Единаесет војници се исчезнати, изјави Владислав Селезњов.
Тој додаде дека во таа област е пронајдена запалена украинска воена опрема.