Единаесет лица, меѓукои и едно дете се повредени во пожарот, кој изутринава избувна во московското метро, соопшти руската полиција.
– Пожарот, кој избувнал во еден од тунелите, каде се запалил електричен кабел, веќе е изгаснат, изјави Виктор Бурјуков од московскиот центар на Министерството за вонредни ситуации.
Дваесет и осум годишна жена и 47-годишен маж се затруле поради вдишување на чад и тие се пренесени во болница, а лекарска помош им е пружена и на другите деветмина повредени.
Според полициски извор покрај станиците во центарот на Москва се распоредени 15 екипи на брзата помош, кои ги прегледуваат патниците, кои излегуваат од метрото. Од метрото поради чадот веќе се евакуирани 4.500 лица.