Единаесет цивили загинаа во Доњецк

Од:

Единаесет цивили загинаа, а осум се ранети во изминатите 24 часа, во гранатирање на Доњецк од страна на укрианските сили, соопштија денеска локалните сепаратистички власти.

Судири меѓу проруските и украинските сили синоќа имало во централните и западните делови на градот, кои се наоѓаат под контрола на сепаратиситите.

Жестоки судири имало и во предградие на второто големо упориште на проруските сили, Луганск.

Сепаратистичките власти вчера објавија дека во претходните 72 часа загинале 74 цивили.

Од почетокот на судирите во источна Украина, пред четири месеци загинаа повеќе од две илјади лица, а околу 285.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Русите ја преминаа границата кај Доњецк

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски