Еден загинат, 14 повредени во напад во Кашмир

Од:

Едно лице загина, а најмалку 14 се повредени денеска во ракетен напад во Шринагар, главниот град на индискиот дел на Кашмир, соопштија индиските власти.

Девет лица се примени во болница, од кои едно е во критична состојба, по експлозија во центарот на градот.

Во Кашмир, регионот кој ги дели Индија и Пакистан, и натаму траат немирите откако Њу Делхи го суспендираше специјалниот статус во својот дел од територијата, на 5 август.

Индија го затвори Интернетот и уапси илјадници луѓе за да спречи немири, додека милитантните групи што се борат против индиското владеење ги напаѓаа работниците од другите делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати