ЕЦБ: Пристигнувањето на украинските бегалци ќе ја зголеми работната сила во еврозоната до 0,8 отсто

Од:

Повеќе од половина од бегалците од руската инвазија на Украина, кои сега се во еврозоната, би можеле да се приклучат на работната сила во наредните години, соопшти Европската централна банка.

Оние кои бегаат од конфликтот може да имаат „среднорочна стапка на учество во работната сила меѓу 25 и 55 отсто за бегалците на работоспособна возраст“ врз основа на податоците од претходните бранови, се вели во новиот извештај на ЕЦБ.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), вкупно 8,3 милиони бегалци можеби ја напуштиле Украина до крајот на годината, а значителен број се очекува да пристигнат во 19-члената еврозона.

„Забраната за напуштање на Украина за мажи меѓу 18 и 60 години значи дека првите бранови ги погодија постарите, децата и жените на работоспособна возраст“, ​​соопшти ЕЦБ.

Доаѓањето на украинските бегалци ќе доведе до „постепено зголемување“ на големината на работната сила во еврозоната, која ќе се зголеми за 0,2 до 0,8 отсто. Ова зголемување одговара на 0,3 до 1,3 милиони луѓе.

– Растот на платите во еврозоната почна да се забрзува, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард по последниот состанок на банката на 9 јуни за определување на политиката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

Сијарто: Неопходно е да се интензивираат напорите за постигнување мир во Украина

Горан Наумовски