Џек Смит именуван за специјален обвинител во истрагата против Доналд Трамп

Од:

Американското Министерство за правда денеска го назначи Џек Смит за специјален обвинител во истрагата против поранешниот претседател Доналд Трамп, објави висок функционер.

Смит ќе ја води истрагата за начинот на кој Трамп постапувал со чувствителните владини документи и дали тој влијаел на транзицијата на власта по претседателските избори во 2020 година, додаде неименуваниот висок функционер на Министерството за правда, пренесуваат британските медиуми.

Специјалниот обвинител, веднаш по назначувањето, изјави дека ќе биде независен во работата, како и дека ќе се залага истрагата да напредува брзо и ефикасно.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он