Џеј Ди Венс го обвини „левичарските агитатори“ за „конструиран хаос“ по двете убиства во Минесота

Од:

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги опиша случувањата во Минеаполис како „констуиран хаос“, тврдејќи дека станува збор за директна последица на дејствување на „крајно леви агитатори“ во соработка со локалните власти.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Венс наведе дека ваквата состојба е „единствена“ за Минеаполис и повторно ја обвини власта во Минесота дека ја спречува соработката меѓу локалната полиција и федералната Служба за имиграција и царина (ICE).

Во меѓувреме, државните и федералните институции изнесуваат спротивставени информации за настаните што ѝ претходеле на смртта на Алекс Прети, за која истрагата сè уште е во тек.

Смртта на Прети се случи помалку од три недели по убиството на Рене Гуд, која беше застрелана од агент на имиграциската служба во Минеаполис — случај што дополнително ја зголеми тензијата и вниманието кон улогата на федералните имиграциски органи во сојузната држава.

Властите во Минесота ги отфрлаат обвинувањата дека ја блокираат соработката со федералните агенции, наведувајќи дека нивните политики се во согласност со државниот закон и имаат за цел зачувување на јавната безбедност и довербата во заедницата.

Би можело да ве интересира

Венс: Документите за Епстин покажуваа колку американските елити се трули и инцестуозни

(ВИДЕО) Американски судија ја исправи неправдата: Нареди ослободување на уапсениот петгодишник

Угледниот The New Yorker објави насловна страница со моќна порака

(ВИДЕО) Објавена снимка: Убиениот Алекс Претди во судир со федералните агенти, но една недела претходно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Алекс Прети не мафтал со пиштал, тврдат сведоци под заклетва

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појавија снимки, ја оспоруваат верзијата на администрацијата на Трамп за убиството во Минесота