Двајца загинати при напад во Славјанск

Од:

Две лица загина минатата ноќ кога засега непознати напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск во источниот дел на Украина.

– Секоја ноќ на некој од нашите пунктови се случува некаков инцидент. Овој пат, членови на силите за самоодбрана пришле кон вооружените лица кои минувале и им побарале лични карти. Тие на тоа возвратиле со отворање оган, соопшти денеска портпаролката на локалните прорускки паравоени „сили за самоодбрана“, Стела Хорошева.

Таа нагласи дека во тек е истрага со цел да се утврди кој стои зад нападот.

Во меѓу време, украинските власти соопштија дека нивните сили синоќа одбиле напад врз базата во Артемивск, град што се наоѓа меѓу Доњецк и Славјанск. При нападот е ранет еден украински војник, кој се наоѓа вон животна опасност.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот профил на Фејсбук денеска објави дека нападот го извршиле „околу 70 лица предводени од руски војници“.

Украинското Министерство за одбрана пак соопшти дека нападот го извршиле „близу сто напаѓачи со автомати, пушко-митралези и бомби“.

– Напаѓачите беа одбиени и претрпеа значителни загуби, се додава во соопштението.

Аваков информира и дека проруските активисти се повлекле од зградата на Градското собрание на Мариупољ, град на брегот на Црното Море, што неколку дена го држеле под „окупација“, по што градоначалникот „се вратил на своето работно место“.

Ослободувањето на противзаконски блокираните згради е еден од условите предвидени со Договорот за смирување на состојбата во Украина, посигнат минатиот четврток во Женева меѓу шефовите на дипломатиите на Украина, Русија, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми