Двајца украински војници и цивил убиени во изминатото деноноќие во Источна Украина

Од:

Најмалку двајца украински војници и еден цивил се убиени во изминатото деноноќие во Источна Украина, каде судирите продолжуваат наспроти договорениот прекин на огнот, јавија денеска претставници на силите на Киев и проруските сепаратисти во регион.

– Како резултат на провокации и престрелки двајца украински војници се убиени, а шестмина повредени, изјави воениот портпарол Андриј Лисенко.

Интензивни воени активности имало вчера западно од Доњецк, вклучително околу аеродромот, како и околу Мариупол, вториот голем град во зоната на конфликт, контролиран од Киев.

Претставникот на сепаратистите Едуард Басурин изјави дека еден цивил е убиен во близина на аеродромот во Доњецк, кој е под контрола на бунтовниците од јануари.

Наспроти примирјето од 15 февруари, постигнато со договорот од Минск, на почетокот на јуни во Источна Украина повторно има повремени воени судири.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел