Дваесет и шест лица загинаа во налетот на циклонот Фајлин во источна Индија

Од:

Дваесет и шест лица загинаа во налетот на циклонот Фајлин во источна Индија, а 250 илјади лица се засегнати од поплавите во регионот, соопштија индиските власти.

Циклонот пристигна на копното од Бенгалскиот Залив во саботата со ветрови со брзина до 200 километри на час, предизвикувајќи материјална штета во крајбрежните држави Ориса и Андра Прадеш.

Дваесет и три лица загинаа под урнатините на згради и од паднати дрва во Андра Прадеш, а три лица се удавиле во поплавите во Ориса.

Излеаната вода од реките Субарнарехта и Будабаланга поплавија три области во Ориса.
Под вода се голем број градови и села, а спасувачките екипи се обидуваат да ги спасат луѓето, блокирани од водата. Хеликоптери им фрлаат пакети со храна на лицата, кои се блокирани.

Евакуираните лица, чија бројка надмина еден милион, се вратиле во своите домови по ослабнувањето на бурата.

Фајлин е најмоќната бура, која ја погоди Индија изминатите години. Во „суперциклонот“ од пред 14 години во Ориса, загинаа десет илјади лица.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати