Драгнеа останува лидер на романските социјал-демократи

Од:

Романската Социјал-демократска партија ПСД му изгласа доверба на својот лидер Ливиу Драгнеа. На седница на Националниот извршен комитет на партијата, 55 члена гласаа за Драгнеа да остане лидер, додека само осуммина биле против.

Драгнеа добил поддршка од премиерката Виорица Данчила, што било пресудно за неговото останување на чело на партијата. Драгнеа беше двапати осуден за корупција, поради што не може самиот да ја преземе премиерската функција.

Обидите на социјал-демократите да ги ублажат законите за злоупотреба на службената положба, за кои се смета дека се носат со цел да му се помогне на Драгнеа, предизвикаа масовни протести во Романија, а протести предизвика и разрешувањето на специјалната обвинителка Лаура Ковеши.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски