Драги: ЕУ има потреба од Велика Британија

Од:

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави во Лондон дека Европската унија има потреба од Велика Британија.

Драги се заложи за поголема соработка на Унијата со Велика Британија, со цел земјата да остане и понатаму членка на ЕУ. Според италијанскиот финансиски експерт натамошната ескалација на политичките расправии во Велика Британија за Унијата може да предизвика Британците да ја напуштата ЕУ, што „ќе биде лошо и за двете страни“.

ЕУ има потреба од поевропска Велика Британија, како што Обединетото кралство има потреба од побританска ЕУ, наведе Драги.

Изјавата на претседателот на ЕЦБ доаѓа по предупредувањето на германскиот канцелар Ангела Меркел за тоа дека Велика Британија „е витална членка на ЕУ“.

Драги во обраќањето во лондонскиот финансиски центар Сити ги повика европските земји двојно да ги зголемат своите напори за усогласување на условите за создавање на банкарска унија во ЕУ.

Претседателот на ЕЦБ тврди дека од таквата унија корист ќе имаат сите земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Велика Британија е меѓу земјите кои изразуваат загриженост од создавањето на банкарска унија. Британските стравувања се предизвикани од можноста таквата унија да му наштети на лондонски Сити поради „зголемената централизирана регулатива“.

Планот за создавање на банарска унија предизвика бурна реакција кај британските евроскпетици кои го користат предложеното решение за да го зголемат притисокот врз Владата во Лондон за организиарање референдум за напуштање на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација