Кинескиот претседател Си Џинпинг свика итна средба на Политбирото за разгледување мерки за борба со ширењето на коронавирусот.
Факти откако се прошири коронавируст:
– Засега е потврдено дека има 41 жртва од тој вирус во Кина од 24 јануари, и дека се заболени 1.287 луѓе.
-СЗО нагласи ширењето на вирусот означува вонредна состојба за Кина, и се уште не е глобален итен случај.
– Кина треба презема построги мерки за спречување на ширењето, јави државната телевизија.
– Досега непознатиот вирус се појави кон крајот на минатата година на животински пазар во Вухан.
– Симптомите се треска, кашлица и отежнато дишење.
– Кина вели дека вирусот мутира и може да се пренесе преку контакт од човек на човек.
– Најпогодени се постарите лица и оние со хронични заболувања.
– Три истражувачки тимови започнаа со работа на развој на потенцијална вакцина, соопшти Коалицијата за спречување епидемии.
– Научниците се надеваат дека ќе ги тестираат првите можни вакцини по три месеци.
– Вухан, град со 11 милиони, е со сериозни ограничувања на патувањето, со урбан сообраќај затворен и затворени аеродроми.
– Кина им советува на луѓето да избегнуваат метеж, и 10 градови во централната провинција Хубеи, каде се наоѓа Вухан, го суспендираа транспортот.
– Пекинг го затвори туристичкиот пристап до забранетиот град и ги откажа големите собири, меѓу кои и два лунарни новогодишни саеми, затворене за посета и Големиот ѕид.
– Паркот Дизни во Шангај е затворен од денеска.
– Аеродромите ширум светот го засилија скринингот на патници.
КИНА
Најмногу заразени има во Вухан – досега се потврдени 1.300 случаи. Има заболени во Макао и во Хонгконг.
ФРАНЦИЈА
Во таа држава има три случаи на заразени – прва европска држава погодена од новата болест. Еден е заразен во Бордо, друг во Париз. Третиот заболен и роднина на еден од другите двајца. И тројцата патувале во Кина. Во моментот се во карантин.
ЈАПОНИЈА
Здравствените валсти денеска соопштија за трет заболен во државата.
АВСТРАЛИЈА
Потврден е прв случај на заболен од вирусот. Станува збор за маж кој во Мелбурн пристигнал од Кина пред една недела. Властите веќе се во потрага по сите лица кои патувале во истиот авион каде бил и заболениот.
МАЛЕЗИЈА
И таа држава потврди за три случаи денеска. Сите се Кинези кои биле во Вухан. Заразени се 66-годишна жена и две девојчиња на 2 и 11 години.
НЕПАЛ
Еден регистриран – 32-годишен кој пристигнал во Вухан. Тоа е првиот кој се излекувал од болеста.Веќе ја напуштил болницата.
СИНГАПУР
Три случаи на заболени од коронавирусот. Сите биле во Вухан.
ЈУЖНА КОРЕЈА
Втор случајпотврден денеска во таа држава. И двата заболени биле во Вухан.
ТАЈВАН
Три случаи со потврдена зараза. Издадено е наредба да бидат вратени сите што доаѓаат до Вухан.
ТАЈЛАНД
Пемина заболени – четири Кинези од Вухан и 73-годишна жена од Тајланд која била во посета на роднина во Вухан.
САД
Два случаи на заболени – еден во близина на Сиетл и еден во Чикаго.
ВИЕТНАМ
Два случаја на заболени граѓани на Виетнам – маж кој бил во Вухан и го заразил синот.