Досега пронајдени остатоци на 121 тело од урнатиот авион

Од:

„Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на неименуван спасувач, пренесе дека до сега на местото кај село Грабово, во близина на границата помеѓу Русија и Украина каде што вчера се случи авионската несреќа со малезискиот „Боинг 777“, се пронајдени најмалку 121 тело и дека остатоците се расфрлани на околу 15 километри во пречник.

-Работев во нивата со својот трактор, кога одеднаш слушнав звук од авион, а потоа удар и пукотници. Тогаш видов како авионот падна на тлото и се подели на два дела. Потоа се изви густ црн чад-изјави Владимир, кој бил сведок на настанот.

Сепаратист од Красњи Лух кој на дописникот на „Ројтерс“ му се претставил како Сергеј, рекол дека од балконот од својата куќа го видел авионот како паѓа од голема височина, а потоа слушнал две експлозии. Тој негира дека сепаратистите го урнале авионот.

-Тоа би можело да се случи само доколку се работи за борбен авион или проектил земја-воздух, кој би го погодил авионот. Бунтовниците немаат оружје кое е способно да собори авион на таа висина- рекол Сергеј.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашенко изјави дека „терористите“ го собориле авионот со проектили земја-воздух.

Рускиот новинар, Ноа Снајдер кој моментало се наоѓа во Доњецк го посети местото на несреќата и на „Твитер“ напиша дека се случила целосна катастрофа.

-Тела на сите страни, човечки органи расфрлани по тлото. Премногу застрашувачки за да ги објавам фотографиите-објави тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми