Изборниот штаб на проруските сили во регионот на Доњецк, соопшти дека 89 проценти од избирачите, гласале за самоопределување на Народна Република Доњецк, пренесе„ Ројтерс“.
Според прелиминарните податоци на референдумот излегле 71,4 проценти од гласачите.
-Овие резултати може да се сметаат за конечни- рече шефот на изборната комисија во Доњецк, Роман Љагин.
Во Доњецката и Луганска област живеат седум од вкупно 45 милиони жители на Украина.
Проблеми при референдумот се појавија во Маријупољ и Красноармејск, каде што едно лице е убиено, а повеќе се повредени, кога украински војници пукале на демонстрантите и гласачите.
Поради безбедносни причини, гласачките места во Мариупољ се затворени во 17 часот, а во Красноармејск во 16 часот по локално време.
Е. Г.