Двајца цивили, меѓу кои и еден тинејџер, загинаа денеска во Доњецк, при пад на граната на училишно игралиште.
Според очевидци на училишно игралиште во Доњецк имало покриени две тела, додека во нападот се повредени најмалку четири лица.
Училишното игралиште се наоѓа во близина на аеродромот во Доњецк, за кој изминатите неколку недели се водат борби меѓу украинските и проруските сили, наспроти договорот за примирје потпишан пред два месеци.