Донецк побара припојување кон Руската Федерација

Од:

По референдумот Донецк прогласи независност и побара да се одобри нејзиното пристапување кон Русија.

-Ние луѓето од Донецк врз основа на резултатите од референдумот одржан на 11 мај и Декларацијата за сувереност на Народната Република Донјецк веќе се деклариравме како суверена држава, рече Денис Пушлин самопрогласениот лидер на Донјецката република.

-Со цел да се врати историската правда, бараме Русија да го разгледа прашањето за пристапување на нашата република во Руската федерација, рече тој.

Речиси 90 отсто од гласачите на референдумот во Донецк се изјаснија за политичка независност од Киев, а истото го побараа и 96, 2 проценти од гласачите во регионот Луганск.

denispuslinD

Прес службата на Кремљ со соопштение посочи дека ја почитува волјата на жителите на Донецк и Луганск и се надева дека практичната реализација на исходот од референдумот ќе се врши на цивилизиран начин.

ЕУ и САД ги отфрлија резултатите на референдумот, кој го прогласија за нелегален.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми