Четири лица загинаа, а две се повредени откако автобус излетал од пат и удрил во луѓе кои стоеле пред куќа на исток на Доминиканската Република, пренесуваат агенциите.
Несреќата се случила во петок вечер, во близина на местото Хигви, а жртвите во моментот на несреќата стоеле пред куќата, соопшти потрпаролот на Агенцијата за транспорт.
Истрагата за причината за несреќата се во тек, пренесе „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска