Добил отказ затоа што не се појавил на работа 24 години

Од:

Индискиот владин службеник Ак Верма добил отказ откако на работа не дошол речиси четврт век, соопшти вчера индиската Влада.

Ак Верма, инженер во централниот владин оддел за јавни работи дошол на работа последен пат во декември 1990 година. После тоа заминал на одмор, побара продолжување, по што не одговорл на барањата да се врати на работа.

Иако истрагата уште во 1992 година покажала дека е виновен, на администрацијата и биле потребни повеќе од 20 години за против него да преземе санкции, пренесува германската агенција ДПА.

Индиската бирократија е позната по бавноста и корумпираноста, а отпуштањето од работа го отежнуваат законите за труд, објавува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение