Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

Од:

Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, денеска изјави дека Европа се соочува со длабока енергетска криза и дека Русија и САД се договориле да го продолжат дијалогот, особено во однос на конфликтот во Украина.

Говорејќи на Евроазискиот економски форум во Истанбул, Дмитриев истакна дека одлуката за одржување на комуникацијата е главниот исход од вчерашната средба во Санкт Петербург меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф.

„Вчера донесовме некои многу важни одлуки, од кои најзначајна е договорот да ја продолжиме комуникацијата, особено во врска со конфликтот меѓу Украина и Русија“, рече Дмитриев.

Тој исто така оцени дека договорот за испорака на руски дизел за САД ќе има позитивно влијание врз глобалните пазари.

„Во моментов, големо внимание е насочено кон ’договорот за дизел‘. Тој е од големо значење… Веруваме дека тоа ќе ни овозможи значително да ја зајакнеме нашата пазарна позиција, а исто така го гледаме и како чекор кон развој на суштински дијалог и комуникација со САД“, изјави Дмитриев.

Според него, зголемувањето на деловните аранжмани меѓу Русија и САД ќе ги поттикне европските компании поактивно да се вклучат. Тој исто така наведе дека Европа продолжува да купува руски гас, и покрај растот на цените.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати