Деветмина загинати во земјотресот во Индија и Бангладеш

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Ритхеровата скала рано утринава ја погоди јужна Азија, во кој најмалку девет лица го загубија животот, а речиси 200 се повредени.

Како што јавуваат британските меидуми, земјотресот е регистриран во текот на ноќта на 29 километри западно од Импала, престолнината на индиската држава Манипур, на североисток од земјата, на границата со Мјанмар.

Граѓаните во паника бегале од своите домови, а спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат затрупаните лица од под урнатините, работејќи во отежнати услови, пред се, заради недостигот од струја и прекинот во телефонските и телекомуникациските линии, пренесуваат британските медиуми.

Полицијата и болниците во Имапла информираат дека засега во градот има шест жртви, додека 100 лица се повредени, од кои 33 посериозно.

Спасувачите се трудат да ги најдат работниците за кои се верува дека се затрпани под урнатините на една зграда во изградба, а не се сигурни колкав може да биде нивниот број.

Летовите од локалниот аеродром се одвиваат нормално, иако е урнат еден ѕид на краевите од комплексот, а на зградата од терминалот се појавила пукнатина.

Жителите на Бангладеш и Непал, исто така, истрчале од своите домови бидејќи земјотресот и таму се почуствувал. Медиумите во Бангладеш јавија дека три лица погинале, а 90 се повредени.

Официјални претставници во Мјанмар велат дека засега нема извештаи за штети или жртви од нивната страна на границата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски