Деветмина загинати при експлозија во рудник во Украина

Од:

Девет рудари загинаа при експлозија во еден приватен рудник во градот Кировск во источниот украински регион Доњецк, соопшти денеска Службата за вонредни состојби на Украина.

Експлозијата на гас се случила вчера на 300 метри од окното во рудниокот на компанијата „Гранд Инвест плус“, при што се урнал сводот затрупувајќи ги сите деветмина рудари кои во моментот се наоѓале во рударската јама.

Несреќите се честа појава во украинските рудници, каде има големи пропусти во спроведувањето на правилата за безбедност при работа.

Најтешката рударска несреќа во Украина по распадот на Советскиот Сојуз се случи во 2007 година, кога при експозлија во рудникот во Засјадко загинаа над 100 рудари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми