Гувернерот на областa Лавов изјави дека во нападот врз воената база западно од градот загинале девет лица, а ранети се 57 лица.
Гувернерот Максим Козицки потврди дека Русија утринава истрелала 30 ракети врз комплекс на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска, пренесува Ројтерс.
Во првите извештаи се вели дека руските сили лансирале осум проектили и дека најверојатно нема загинати.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека во објектот работеле странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.