Кинеска манекенка е осудена на девет месеци затвор бидејќи позирала во полициска униформа.
Според кинеските медиуми изречената казна е заменета со условна пресуда, така што, 23-годишната Ванг Сиаомеј нема да трeба да мине ниту ден зад решетки доколку покаже примерно однесување.
Манекенката пред судот призна дека се претставила како службено лице и со провокативни пози на фотографиите го понижила достоинството на полициската професија.
Фотографиите беа објавени на Интернет и предизвикаа бурни реакции, иако на текстот под нив стои дека станува збор за манекенка, а не за полициски службеник.