Манекенката од Пекинг по име Ванг Ксјаоменг е осудена на девет месеци затвор затоа што на социјалната мрежа „Weibo“ објавила фотографии на кои позира во полициска униформа.
Дваесетгодишната убавица на една фотографија носи полициска кошула и капа, како и килоти со линии. На фотографијата е прикажана во моментот додека облекува најлонски чорапи, а во прв план се нејзините долги нозе.
На втората фотографија е Ванг во униформа како се насмевнува и гледа на страна.
Освен сликата, манекенката на социјалната мрежа објавила и соодветен текст:
– Како новата полицајка во мојот крај, морам да ги научам правилата. Под голем пристисок сум затоа што седам на иста маса со државните функционери секој ден.
Неколку кинески граѓани веднаш реагирале, а некои упатиле жалби до полицијата, јави „Хафингтон пост“. Претставниците на законот го протолкувале овој фото сешн како лажно претставување, па ја уапсиле Ванг, која потоа е осудена на девет месеци затвор.