Деведесет и шест лица загинаа во судирите ширум Сирија

Од:

Најмалку 96 лица загинаа денеска во судирите ширум Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права, нагласувајќи дека најголемиот број од жртвите загинале во гранатирањата и нападите со огнено оружје.

Оваа опозициска организација со седиште во Лондон наведува дека 37 од жртвите се цивили, 31 е војник, а 28 се бунтовници.

Најмалку 17 лица загинале во Алепо, каде од 20 јули се водат жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците, додаде Опсерваторијата, нагласувајќи дека во судирите загинале и две деца. Во Алепо е убиен еден локален новинар.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад