Десниот сектор се заканува со „марш на Киев“

Од:

Украинската екстремна националистичка организација Десен сектор се закани дека нејзините „вооружени припадници ќе ги преплават улиците на Киев“, доколку властите не ги ослободат уапсените членови на групата и не се откажат од нивно кривично гонење.

Лидерот на Десниот сектор, Дмитро Јарош и командантот на паравоинете единици на организацијата, Андреј Стемпицки во заедничко соопштение ја обвинија украинската полиција дека спорведува „антиукраинска“ политика, а министерот за внатрешни работи на Украина, Владимир Јевдокимов дека предводи „криминална полициска група која е марионета на Русија и сепаратистите“.

– Ги осудуваме незаконските притворања, апсења и претепувања на борците на Одредот на доброволци на Десниот сектор и одземањето на оржјето запленето во текот на борбите, што ги врши Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на организацијата.

Десниот сектор бара украинскиот претседател Петро Порошенко да ги смени Јевдокимов и „неговите луѓе“ и против нив да биде покрената истрага за „извршените криминални активности“.

– Доколку нашите барања не бидат исполнети во рок од 48 часа, ќе бидеме принудени да ги повикаме нашите единици, да почнеме општа мобилизација на резервниот баталјон и да организираме марш на Киев, со барање за итна реформа на Министерството за внатрешни работи. Силите на Десниот центар ќе маршираат под полна опрема, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми