Австрискиот екстремно десничарски кандидат за претседател на земјата, Норбер Хофер, од Партијата на слободата, за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, изјави дека при определени услови неговата земја може да спроведе референдум за излез од ЕУ, пренесе ДПА.
Хофер изјави дека референдумот за излегување на Австрија од ЕУ може да се организира доколку Турција биде примена во Унијата или доколку европските договори бидат променети така што на Брисел ќе му повеќе права над националните престолнини.
-Доколку Турција се приклучи кон ЕУ ќе има основана причина австрискиот народ да се запраша за неговата желба да остане или да ја напушто таквата средина, рече Хофер.
Промената на европските договори кон поголемо намалување на надлежностите на земјите членки, исто така, може автоматски да доведе до референдум, додаде тој.
Хофер ова аизјав ја даде откако астрискиот Уставен суд го поништи вториот круг од претседателските избори, на кој во мај Хофер беше поразен со мала разлика од кандидатот на Зелените, Александер ван дер Белен.
Партијата на Слободата се жалеше пред Уставниот суд и тој вчера се произнесе по тужбата.