Десетици убиени и повредени во Индија при напад на автомобилски конвој

Од:

Седумнаесет лица загинаа, а 24 се повредени во Индија, откако група од околу 200 маоистички бунтовници детонираше противпешадиска мина, по што отворија оган врз автомобилски конвој со активисти и симпатизери на партијата Индиски национален конгрес.

Од полицијата соопштија дека нападот се случил вчера, во реонот на градот Сукма, на околу 345 километри јужно од Раџпур, главниот град на државата Чатисгар, пренесува БТА.

Конвојот е нападнат во моментот кога членовите на партијата се враќале од митинг во Раџпур. Меѓу убиените се двајца локални партиски лидери и петмина полицајци.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати