Десетици уапсени лица по обид за државен удар во Гамбија

Од:

Повеќе десетици воени лица и цивили се уапсени, а големо количество на оружје и експлозив се пронајдени по обидот за државен удар во Гамбија.

– Приведените се задржани на испитување во четири објекти во главниот град Банџулу и неговата околина, изјави извор од гамбиската Национална разузнавачка агенција.

Претседателот на Гамбија, Јахја Џамех, кој за време на нападите се наоѓал во Дубаи, ги обвинил „странските дисиденти и терористи“ за нападот кој во вторникот беше извршен врз претседателската палата, тврдејќи дека тоа не бил обид за негово соборување од власт.

– Тоа беше напад на дисидентите со седиште во САД, Германија и Велика Британија. Тоа не беше државен удар. Станува збор за напад на терористичка група со помош на сили кои нема да ги именувам, истакна Џамех.

Тој нагласи дека воените сили се „многу лојални“ и дека само некогашни војници, вклучувајќи и поранешни команданти, учествувале во нападот на неговата резиденција.

Долгогодишниот шеф на државата, кој дојде на власт со државен удар пред 20 години, во претходните години ги задушувал протестите на неистомислениците. Џамех е критикуван од меѓународната заедница поради кршење на човековите права и слободи, а на мета на режимот се новинарите, политичките дисиденти и хомосексуалците.

Би можело да ве интересира

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска

Почина првиот демократски избран претседател на Гамбија

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Гамбија украл 50 милиони државни пари

Ана Ололовска

Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила

Ана Ололовска