Десетици палестински сирачиња се евакуирани од Појасот Газа

Од:

Десетици палестински сирачиња се евакуирани од Појасот Газа во окупираниот Западен Брег, соопшти германското Министерство за надворешни работи, кое побара евакуација.

Евакуацијата од Домот за деца без родители, управувана од невладината организација СОС Детско село со седиште во Австрија, е една од најголемите од Газа од почетокот на војната на 7 октомври.

Во денешното соопштение, министерството наведува дека 68 сирачиња и 11 вработени во понеделникот биле префрлени од градот Рафа во јужна Газа во Витлеем на Западниот Брег.

Во е-пошта, Министерството им се заблагодари на сите кои учествуваа во евакуацијата, но не ја откри улогата на Германија во тоа.

Од СОС Детското село потврдија за Асошиетед прес дека сирачињата моментално се во Витлеем, но не открија други детали. Таа организација има свои капацитети и во Газа и на Западниот Брег.

Во декември 28 предвремено родени бебиња беа евакуирани од Газа во Египет.

Ултранационалистот Безалел Смотрич, израелскиот министер за финансии, побара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да даде „објаснувања за тоа кој дал неморална наредба“ да се префрлат децата од Газа додека Израелците сè уште се заробени од Хамас.

Би можело да ве интересира

Израелско воено радио: ИДФ ја започна евакуацијата на палестинските цивили од Рафах

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане