Десетици палестински цивили загинаа, а стотици се ранети кога израелски воздушни напади погодија станбени згради во јужниот и централниот дел на Газа, како и бегалски кампови, во неделата, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на палестинската агенција ВАФА.
Според извештаите, околу 45 цивили биле убиени во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, а неколку жртви биле и во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.
Во воздушните напади на израелската армија врз Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, беа погодени станбени згради, а поради големиот број повредени, зголемен е притисокот врз болниците, каде што нема доволно кревети, лекови и медицински материјали.