Десетици организации го повикаа Јутјуб да се бори против дезинформации

Од:

Повеќе од 80 организации за проверка на факти ја повикаа онлајн видео платформата Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите, нудејќи помош за разоткривање на лажни тврдења.

– Секој ден гледаме дека YouTube е еден од главните канали на онлајн дезинформации ширум светот, истакнаа групи од целиот свет – од Политифакт и Вашингтон пост во САД до Африка чек (Africa Check) со седиште во Кенија.

– Видеата што содржат лажни информации останаа „под радарот на политиките на Јутјуб, особено во земјите од неанглиско говорно подрачје, велат тие во отворено писмо до шефицата на платформата Сузан Војчицки.

– Ве повикуваме да преземете ефикасна акција против дезинформациите … и да го сторите тоа заедно со светските независни, непартиски организации за проверка на факти, додаваат тие.

– Нашето искуство како проверувачи на факти, заедно со академските податоци, покажува дека објавувањето проверени информации е поефективно од бришењето содржини, подвлекуваат организациите.

Портпаролката на Јутјуб, Елена Ернандез ја бранеше платформата, велејќи дека проверката на фактите е „важна алатка“, но само „еден дел од многу поголема сложувалка за справување со ширењето на дезинформации“.

– Во текот на годините инвестиравме многу во политики и производи во сите земји … за да ги поврземе луѓето со авторитативна содржина, да го намалиме ширењето на граничните дезинформации и да ги отстраниме видеата што содржат насилство, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Бајден ги замени смртните казни на 37 осуденици со доживотен затвор пред Трамп да ја преземе функцијата

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ