Десетици милиони луѓе ќе бидат жртви на поплави предизвикани од глобалното затоплување во следните 25 години

Од:

Списанието „Science Advances“ објави студија која предупредува дека во текот на следните 25 години десетици милиони луѓе ќе бидат жртви на поплавите предизвикани од глобалното затоплување.

Со растот на температурите на планетата, бурите и обилните врнежи ќе станат посилни во многу делови на светот, што ќе има значително зголемување на ризикот од поплави кои не се поврзани со зголемувањето на нивото на океанот.

Научниците предупредуваат дека треба да се преземат сериозни мерки за заштита на популациите од Централна Европа, Централна и Северна Америка, Кина, Индија, Пакистан и Африка и алармираат дека во спротивно десетици милиони луѓе ќе бидат под влијание на природни катаклизми.

Во САД и во Канада, 100.000 до 1 милион луѓе живеат во ризични области, а во Кина нивниот број е 55 милиони. Научниците се задржале на период од 25 години бидејќи велат дека потоа ќе биде доцна да се преземат мерки за климатските промени.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата