Десетици луѓе загинаа во израелските воздушни напади врз Газа во текот на ноќта, изјавија медицински извори за Ројтерс. Израелската војска вчера соопшти дека ќе ги засили нападите врз Газа додека се одвиваат „следните фази“ од војната.
„Ќе ги продлабочиме нашите напади за да ги намалиме опасностите за нашите сили во следните фази од војната. Ќе ги интензивираме нашите напади, почнувајќи од денес“, изјави синоќа на новинарите контраадмиралот Даниел Хагари.