Десетици луѓе се убиени во племенски конфликти кои избувнаа во висорамнините на Папуа Нова Гвинеја, пишува Гардијан.
Џорџ Какас, полициски командант на провинцијата Енга рече дека некои мртви тела се уште се во грмушките, а соседните племиња допрва треба да ги преземат, додавајќи дека ситуацијата се уште е тензична.
Властите првично соопштија дека во заседата биле убиени најмалку 53 лица, но подоцна се корегираа и рекоа дека загинале најмалку 26 мажи.
Овој масакр е еден од последните случаи на ескалација на насилството во таа земја. Конфликтите меѓу племињата не се невообичаени во делови од Папуа Нова Гвинеја
Минатата година во конфликти животот го загубија 150 луѓе.
„Ова се многу вознемирувачки вести од Папуа Нова Гвинеја“, изјави утринава австралискиот премиер Ентони Албанес.
„Ќе обезбедиме поддршка, особено за обука на полицајци за зајакнување на безбедноста во Папуа Нова Гвинеја“, рече тој.