Десетгодишно дете погина на најголемиот воден тобоган во светот

Од:

Десетгодишниот Калеб Шваб погина во несреќа на најголемиот воден тобоган на светот во аквапаркот во Канзас Сити.
Трагичниот инцидент се случи на тобоганот висок 51 метар, до чиј врв има 264 скалила, а просечната брзина на спуштање е над 100 километри на час, пишуваат американските медиуми.

-Навистина не знаеме што се случи, рече портпаролот на аквапаркот Винтер Просапио. Во изјавата за јавноста се наведува дека се погодени со трагичниот инцидент, и дека приоритет на аквапаркот е сигурноста на сите посетители.
Калеб во моментот на несреќата бил со мајката, таткото и браќата, јави Фокс ТВ.

Би можело да ве интересира

Трагедија во аква парк во Франција: Почина татко, ќерката во критична состојба

Горан Наумовски

Во сабота отворање на петтата сезона на аква паркот во Скопје

Ана Ололовска

Аква паркот ја заврши сезоната

Ана Ололовска