Десет деца загинаа во огромен пожар во индиска болница

Од:

Десет деца загинаа во огромен пожар во болница во Махараштра, најбогатата индиска држава, во саботата. Водечките политичари изразија тага за загубата на животи. Индиските медуми пренесуваат дека децата се на возраст од една до три години. Пожарникарите спасиле седум бебиња. Според првичните наоди на полицијата, причина за пожарот би можел да биде краток спој на електричните инсталации.

„Пожарот избувна утрово во два часот“, рече Прамод Кандате, хирург во општата болница Бандара во западната индиска држава. Седум од 17 деца од одделот за новороденчиња се спасени, изјави Хандате за медиумската куќа АНИ.

Премиерот на Махараштра, Удхав Такре нареди истрага за инцидентот.

„Ова е страшна трагедија во којашто изгубивме драгоцени млади животи. Моите мисли се со нивните семејства. Се надевам дека повредените ќе се опорават што е можно поскоро”, објави твит индискиот премиер Нарендра Моди.

Бројни други политичари, вклучително и лидерот на опозицијата, Рахул Ганди, исто така изразија тага за загубата на животите, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени