Денеска ќе е сончево и топло

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло до 37 степени

Денеска сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени

Денеска сончево со локална облачност