Ден на жалост во Украина заради загинувањето на 49 војници

Од:

Заради загинувањето на 49 украински војници од воен авион-транспортер кој проруски сили го соборија вчера во близина на Лугањск, во Украина денеска е Ден на жалост.

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара свикување на Советот за национална безбедност и одбрана по повод најновиот развој на настаните на исток во државата.

Порошенко вчера побара „адекватен одговор“ по повод нападот на проруските сили и инцидентот кај Лугањск.

– Сите вмешани во акт на тероризам од такви размери мора да бидат казнети, изјави Порошенко и нагласи дека на Украина и е потребен мир.

Од друга страна, Москва смета дека САД би требало да го употребат своето влијание врз Киев за да се запре насилството и нагласуваат дека решение е можно само по пат на директни контакти со претставници од југоисток во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми