Демонстрантите во Турција истрајни, помали судири со полицијата

Од:

Во делови од Истанбул и Анкара демонстрантите утрово палеа огнови и имаа помали судири со полицијата, но на улиците генерално е мирно по дводневните насилства во кои повеќе од илјада луѓе се повредени и повеќе од 900 приведени по интервенција на полицијата.

Илјадници луѓе славеа во истанбул откако полицијата се повлече од плоштадот Таксим каде демонстранти беа незадоволни од планови на Владата да исече дрва во паркот Гези и на простор на плоштадот да изгради трговски центар.

Стотина демонстранти палеа огнови во дистриктот Тунали во Анкара додека полицијата во Истанбул одново употреби солзавец за да спречи групи млади луѓе да фрлаат камења и да се приближат до кабинетот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Западни медиуми јавуваат дека ситуацијата е значително помирна во споредба со претходните два дена.

Властите соопштија дека се приведени 939 демонстранти во повеќе од 90 одвоени демонстрации ширум државата додека лекари тврдат за цифра од околу илјада повредени во Истанбул и неколкустотици во Анкара.

Немирите во Турција почнаа по повеќедневни протести заради планови за преуредување на плоштадот Таксим во Истанбул, но по обидот на полицијата во петокот да ги растера демонстрантите со водени топови и солзавец тие прераснаа во антивладини протест и се проширија и во други градови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски