Демонстрантите во Грузија бараат оставка од проруските власти

Од:

Демонстрантите во Грузија бараат оставка од проруските власти и предвремени парламентарни избори. Досега се исполнети нивните две претходни барања – укинување на законот за „странски агенти“ и ослободување на уапсените на протестите. За потсетување, грузиската влада се откажа од новиот закон за „странски агенти“ откако илјадници Грузијци насилно протестираа два дена против законот, за кој велат дека мириса на руски авторитаризам.

Грузиското министерство за внатрешни работи објави дека ослободило 132 лица приведени поради учество во големи протести против законот за „странски агенти“, а владејачката партија Грузиски сон објави во соопштение дека безусловно го повлекува предлог-законот.

„Мораме да се грижиме за мирот и економскиот развој на нашата земја, како и за напредокот на Грузија на патот на европската интеграција. Затоа, неопходно е да ја трошиме енергијата на секој наш граѓанин не на конфронтација, туку на развој на земјата. Во вистинската насока. Имајќи го предвид сето горенаведено, како влада која е одговорна пред секој член на општеството, решивме безусловно да го повлечеме предлог-законот што го поддржавме“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он