Демонстрантите од киевскиот плоштад Мајдан номинирани за “Сахаров” наградата на ЕП

Од:

Демонстрантите од плоштадот Мајдан во главниот град на Украина, Киев, кои го започнаа и одржуваа бунтот што доведе до смена на претседателот Виктор Јанукович, денеска се номинирани за наградата “Сахаров” за слобда на мислата, што секоја година ја доделува Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Мустафа Најем, Руслана Лижичко, Јелизавета Шепелтиникова и Татјана Черново се лицата од Мајдан што денеска ги номинираше европратеникот Јацек Сариуш-Волски, поддржан од 52 свои колеги. Покрај Украинците, Европарламентот денеска за оваа награда за 2014 година, која носи и парична награда од 50.000 евра, ги номинираше и Махмуд Ал-Асали (постхумно) и Луис Рафаел Сако, Организацијата за помош на црквите во потреба – “Чредо”, Ајан Хирси Али, Денис Муквеге и Лејла Јунус.

Комитетот за надворешни работи и Комитетот за развој на ЕП, на 7-ми октомври ќе ја скрати оваа листа на само тројца финалисти, додека лауреатот ќе биде одлучен на состанокот на лидерите на политичките групи и претседателот на Европарламентот на 16-ти октомври. Церемонијата за доделување на наградата на добитникот ќе се случи во Стразбур на 26-ти ноември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми