Демонстрации во Истанбул против преговорите со ПКК

Од:

Неколку стотици лица вчера протестираа во Истанбул против преговорите на турските власти со лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан за мирно надминување на курдскиот конфликт, пренесоа француските медиуми.

„Ние сакаме почитување за Турците“, „Ние сме војници на Мустафа Кемал Ататурк“, скандираа демонстрантите, кои прошетаа по булеварот Истиклал.

turcija-protest

Демонстрациите беа организирани еден ден по средбата на пратеници од прокурдската Партија за мир и демократија со Оџалан, кој на островот Имрала ја издржува казната доживотен затвор.

-Обесете го тоа копеле Оџалан, извикуваа демонстраните.

Повеќето од нив го покажуваа знакот на „Сивите волци“, радикална крајнодесничарска организација.

Многу од демонстрантите бараа оставка на владата на Партијата за правда и развој и на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Турските власти во декември почнаа преговори со лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан со цел да заврши вооружената борба на курдските бунтовници.

Претставници на турското разузнавање водат разговори со Оџалан. Две делегации курдски пратеници, исто така, се сретнаа со бунтовничкиот лидер.

Цел на преговорите е ПКК да го остави оружјето во текот на оваа пролет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски