Демократите се против реформата на американската полиција предложена од Републиканците

Од:

Претставниците на американската Демократска партија во Сенатот се против гласањето за Законот за полициска реформа, предложен од Републиканците,  планирано за неделава. Критичарите велат дека законот не оди доволно далеку во решавањето на расните разлики во американската полициска пракса.

„Ставањето на гласање на законот на републиканците е апсолутно несоодветен одговор и ние ве повикуваме на гласање да ставите закон што има смисла“, се вели во писмото потпишано од сенаторите Чак Шумер, Кори Букер и Камала Харис.

Речиси еден месец по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд,  жртва на полициската бруталност,  републиканците и демократите во Конгресот предлагаат посебни законски решенија за запирање на незаконското и прекумерно дејствување на полицијата.

Ниту еден од двата предлога, меѓутоа, нема доволно поддршка за да биде одобрен од двата дома и потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија