Дел од жителите на Калифорнија отсечени од светот: Во снегот напишаа порака за службите за итна помош

Од:

Дел од жителите на Калифорнија се отсечени од светот. Минатиот викенд населените места источно од Лос Анџелес беа погодени од снежно невреме кое зад себе остави над два метри снег.

Службите за итни случаи се борат една недела да стигнат до луѓето кои не можат да ги напуштат своите места за живеење.

„Се чувствувам како никогаш да нема да излезам од тука“, изјави Марсија Волошун за USA Today, која не го напушти својот дом една недела.

Жителите на отсечената област во снег напишаа пораката „Помогнете ни!!“

Поради невремето, автопатите се затворени, а гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во 13 окрузи.

Би можело да ве интересира

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

(ВИДЕО) Силно снежно невреме зафати дел од Америка

Горан Наумовски

Снежно невреме во САД, најмалку петмина загинати

Силна бура во делови од Тексас, Луизијана и Арканзас во САД

Снежно невреме во САД, откажани летови и возови

Снежно невреме во Германија, патници заглавени во возила