Дедо продаде внук преку Фејсбук

Од:

Еден 47-годишен Индиец е уапсен откако со посредство на Фејсбук го продал неговиот внук на локален бизнисмен, соопшти денеска полицијата на државата Пенџаб, во северниот дел на Индија. Фероз Кан, жител на градот Лудиана, 300 км северно од Њу Делхи, како што се тврди, го киднапирал внукот веднаш по раѓањето овој месец.

Кан побарал помош од двајца привремено вработени во локалната болница во која се породила неговата ќерка. Тие пронашле „муштерија“ преку Фејсбук и договориле продавање на детето за 45.000 рупии (830) долари.

– Уапсени се сите три лица кои учествувале во продавањето на детето, а ќе биде испитан и бизнисменот кој дал пари за купување на бебето, истакна Статиш Малхотра, виш полициски службеник во Лудиана.

Полицијата го спасила бебето и го вратиле кај неговата разведена мајка, Нури Кан која поднесе тужба против нејзиниот татко. Доколкусе докаже дека учествувале во киднапирањето на бебето, за што се обвинети тројата уапсени кои денеска излегуваат пред судот, би можеле да бидат осудени на седумгодини казна затвор.

Индиската сојузна полиција во 2011 година изнесе податок дека во земјата има 815 банди, со вкупно повеќе од пет илјади членови, вклучени во киднапирањето деца, кои најчесто се користат за проституција или питачење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати