Училишниот оброк кој уби 23 деца во Индија минатата недела, содржел концентрат од пестицид кој не е широко достапен, изјави судијата кој што го води случајот, Абхиџит Синха.
Децата започнале да покажуваат знаци на труење неколку минути по оброкот во училиштето во Бихар.
Јадењето било дел од бесплатната храна на владата, која им за цел да го намали гладот и да привлече поголем број на деца во училиште.
Според полицијата маслото за готвење, било ставено во буре во кое што претходно имало концентрат од пестицид.
Се уште се трага по директорот на училиштето кој побегна од селото, веднаш по труењето на учениците.
Елена Георгиевска