Данската премиерка од Гренланд: Ова е многу тешко време, се наоѓаме во сериозна ситуација

Од:

Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нуук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на таа територија, Јенс-Фредерик Нилсен.

Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на преговори.

Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека постигнал „рамка за иден договор за Гренланд“ по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, пишува Би-Би-Си.

Деталите од договорот сè уште не се познати.

Премиерката Фредериксен пристигна директно од Брисел, каде што се сретна со Руте утринава. Според неговата најава, тие се согласиле да „го зајакнат одвраќањето и одбраната на Арктикот“.

По пристигнувањето во Нук, Фредериксен беше пречекана од Нилсен.

„Прво на сите, денес сум во Гренланд за да ја покажам нашата силна данска поддршка на народот на Гренланд“, изјави таа пред новинарите.

„Ова е многу тешко време, секој може да го види тоа“ порача данската премиерка.

„Се наоѓаме во сериозна ситуација. Секој може да го види тоа. Сега постои дипломатски, политички пат што ќе го следиме“, додаде таа, објаснувајќи дека нејзината посета „функционална“ со цел да ги подготви „следните чекори“.

САД моментално имаат околу 150 војници во својата база Питуфик во северозападен Гренланд.

Според одбранбениот договор со Данска од 1951 година, САД имаат можност да го зајакнат своето воено присуство и да распоредат дополнителни сили.

Договорот беше ажуриран во 2004 година за да го вклучи Гренланд како рамноправен партнер.

Би можело да ве интересира

Бесeнт: Сојузниците мора да разберат дека Гренланд мора да биде дел од САД

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Венс: САД мора да имаат права врз природните ресурси на Гренланд

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Данската премиерка постави црвена линија: Гренланд не е на продажба

Маневарот на Трамп во Давос е фарса за излез од непријатната ситуација